top of page
Search

Што е комфорна зона и како да излезете од неа

Updated: Sep 26, 2020

Ова е термин кој во последно време е актуелен и многу се пишува за него и сега ќе го објасниме.



Ова е термин кој во последно време е актуелен и многу се пишува за него и сега ќе го објасниме. Имено, да се биде во комфорна зона значи буквално да се биде во удобен простор, позиција, положба. Ако го преведеме во терминот на психологијата,тоа е зона во која сме научени да бидеме. Значи станува збор за научено однесување, живеење кое до извесно време ни би ок или сеуште ни е ок. Прашањето е што е тука проблем? Во зоната на комфор царува рутината, секојдневието, монотонијата, здодевноста и тука не се случува ништо ново. Нема “пеперутки”, нема возбуда, нема радост, нема учење на нови работи. А кога ова го нема, нема ни личен развој.


Размислете за вашата зона на комфор! Како вие ја доживувате? Ви пречи или сеуште ви е удобна?

Особатата сеуште е со истиот парнер иако веќе не чувствува задоволство, ниту конекција со него; или особата се држи до истото работно место кое веќе долго време не ја исполнува или е незадоволна; прошетките или патот до работното место секогаш е по истиот пат, особата секој ден пие кафе на едно место итн итн.



Што стои во позадина на зоната на комфорот? Зошто некој упорно останува во неа иако веќе не доживува задоволство, па дури и станува стресна?


Одговорот е стравот. Стравот да се променат работите макар и секојдневните активности, значи дека не би постоела сигурност дали работите ќе бидат исто толку добри како и претходно. Чувството на несигурност е доста моќно и тоа е она што ја разнишува самодовербата на особата. А стравот е присутен и блокира, кочи.  Кочи да се тргне кон акција иако можеби телото се мобилизира и дава знаци дека промена е потребна. Има врска и со на границите на особата колку е подготвена да ги прошири или пак ригидно се држи до нив.


Излегувањето од комфорната зона значи оставање на она што е познато, сигурно и тоа дава едно анксиозно чувство кое непријатно за особата.


Што е бенефитот од излегувањето од комфорната зона?


На почетокот промената делува несекојдневно, невообичаено, можеби нелагодно, но како што напоменав, тоа е само навика додека телото и умот не ја прифатат промената. Тоа е како возење велосипед кој на почетокот во учењето оди потешко, несигурни сме, плашливи, но како што вежбаме повеќе ја усовршуваме вештината и сме сигурни во самите себе и сами без помош можеме да возиме. Овде би сакала да напоменам, дека и важно е децата да ги охрабруваме да ги пробуваат новите работи бидејќи на тој начин им ја пренесуваме и себеподдршката во понатамошниот развој самите да се охрабруваат да пробуваат и истражуваат нови работи, односно да излезат од комфорната зона.


Значи, со комфорната зона си ја јакнеме самодовербата. Полни сме со нова енергија, мотивирани, иницијативни и со “пеперутки” до следното излегување од зоната. Но, напоменувам, постојано, за краток период излегување од неа не е добро, бидејќи на организмот потребно му е време да ја “соџвака” промената и да се прилагоди, за потоа подготвен да пристапи кон следната. Иначе, за кратко време излегување и впуштање во нови искуства води до исцрпеност на организмот и преплавување со анксиозност, ужас итн.


Како да излезете од комфорната зона?

  1. Најнапред, пристапете и на нов начин на перцепција. Сфатете дека се што се случувало во зоната е само навика. А како велат: “За секоја навика, има и одвика”;

  2. Нацртајте како изгледа вашата зона на комфор и колку и да ви е смешно, поразговарајте со неа. Можеби нешто ќе дознаете.

  3. Препознајте го стравот и анализирајте колку е реален и остварлив;

  4. Напишете на хартија кои се бенефитите (позитивни и негативни) кои би можеле да се случат ако излезете од зоната на комфор и кои се побројни од нив;

  5. Бидете свесни за стравот и сфатете дека само со соочување со него може да го надминете. (сетете се на некоја ситуација во која сте го надминале стравот и како тогаш сте се чувствувале?);


Запомнете: “Храбар човек не е човек кој не се плаши, туку тој кој се соочува со сопствениот страв.”


 
 
 

Comments


КОНТАКТ

ул. Методија Шаторов Шарло 10/5 Аеродром 
1000, Скопје, Skopje,  Р.Македонија

​​

Tel: 070/955-903 - Цветанка

       070/611-333 - Валентина

       076/915-566 - Наташа

       075/236-524 - Марија

       070/421-234 - Светлана

modicentar@gmail.com

  • Black Facebook Icon
  • Black Instagram Icon
  • Black YouTube Icon

Вашата порака е испратена.

© 2020 by Modi Centar - Centre for psychology, psychotherapy and psychodiagnostics. Proudly created with Wix.com

bottom of page